Приведен Албанец од Корча кој со тврд предмет повредил жена

Вчера во 11.10 часот во СВР Охрид приведен е У.Ш..(32) од Корча, Република Албанија.
 
„Тој, претходно, во куќа во охридското село Лескоец, сопственост на С.В., агресивно се однесувал по што фрлил тврд предмет кон неговата сопруга и ја повредил“, информираат од МВР.
 
По поднесена пријава, од страна на Основниот суд во Охрид изречена му е мерка ,,протерување на странец од земјата“ во траење од две години, по што е споведен до граничниот премин „Ќафасан“.

 

 
 
 
24.11.2022 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа