Приведен 28-годишник од Прилеп, крадел од објект за продажба на сувенири, сопственост на прилепскиот Музеј

 

Денеска, на плоштадот Методија Андонов-Ченто во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода 28-годишниот С. Р. од Прилеп, извести МВР.

„Тој се сомничи дека извршил кражба во објект за продажба на сувенири, сопственост на Музеј „Прилеп“. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот“, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на настанот ,против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

07.11.2023 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега