Приватните превозници не знаат кога ќе почнат со превоз на патници: Блокади нема да има

 

 

Приватните превозници и граданачалничката на Град Скопје најдоа решение за превозот во градот. По четиричасовна средба на повидок е нов договор.

„Одиме во позитивна насока и ќе се реши нашиот проблем. Ќе има реформи, ние сме јавен сервис и мора да им служиме на граѓаните на Скопје. Има простор за договор и блокади нема да има“, изјави Јовица Зафировски претставник на приватните превозници во Скопје.

Тој додава дека долгот кон нив треба да го плати Јавното сообраќајно претпријатие.

-Град Скопје нема долг кон приватните. Тој треба да го плати ЈСП. Ревизијата се уште трае. Ни даде насоки градоначалничката Арсовска, ќе делуваме како што ќе не насочуваат. Останува на нас превозниците да се реформираме и да ги слушнеме советите кои ни се дадени“, додава тој.

Нема точен датум кога автобусите на приватните превозници ќе се вратат на скопските улици, но до четврток ќе имаат уште еден состанок со скопската градоначалничка.

06.02.2023 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега