Прилепчанец кривично ќе се гони - со чекан нападнал лице на бензинска пумпа
СВР Битола поднесе кривична пријава против С.С.(56) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 17.06.2024 на бензинска пумпа, пријавениот упатувал закани, а потоа физички нападнал едно лице со чекан и му нанел телесни повреди.
14.11.2024 - 15:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа