Прилеп ќе обезбеди помош за настраданите во Турција
Прилеп ќе обезбеди финансиски средства за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес што ги зафати областите на Турција и на Сирија. Советниците бараат, а ќе се одржи и вонредна седница на советот за да се одреди висината на средствата за помош на настраданите семејства.
Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески штотуку се врати од посетата на општината Бајрам паша во Истанбул, Турција поради збратимувањето со оваа општина.
-Немилите вести ги слушнавме уште при посетата во Република Турција. Уште таму, при разговорот со градоначалникот на општината Бајрампаша во Истанбул Атила Ајданер изразивме сочувство и подготвеност да помогнеме на кој било начин. Прилеп ќе обезбеди финансиска помош во рамките на нашите можности и им понудивме друга помош и логистика доколку е потребно, а со тоа да знаат дека подадената рака значи дека нашата поддршка и солидарност веднаш ќе ја реализираме и дека нашите мисли во овие тешки мигови се искрено со нив, вели прилепскиот градоначалник Јовчески.
Општината упати апел до сите сограѓани во рамките на своите можности да помогнат преку Фондот на солидарноста на Црвениот крст или преку телефонските броеви за донација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа