Претседателските вили на Водно и во Охрид немаат имотен лист

Ивица Томовски, директор на служба за општи и заеднички работи во „Дејли Клик“ зборуваше дека државниот имот е во многу лоша состојба. Тој рече дека вилите на претседателот во Охрид и во Скопје немаат имотни листови, односно се дивоградби.

Државниот имот е многу лоша состојба. Вилата во Свети Стефан е во многу лоша состојба, или вилата во Лазарополе. Немаше никаков пристап до овие објекти, и планот наш како ново раководство да ги ставиме во употреба сите објекти кои се во државна состојба. Но пред тоа да го решиме имотно правниот статус. Замислете, премиерските и претседателските вили во Охрид и во Скопје се дивоградби и немаат имотен лист – рече Томовски.

 

23.09.2024 - 12:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега