Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември
По повод денот на независноста, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија д-р Дарко Костадиновски во свое лично име и во име на Судот упатува искрени честитки до сите граѓани.
„Нека денешниот празник не’ охрабри сите нас и нека претставува поттик и мотивација за секој еден да учествува и да биде дел од градењето на правната држава, а владеењето на правото да биде императив во постапувањето и носењето на одлуките.
Нека е честит 8 Септември, денот на независноста на Републиката!“, истакна Костадиновски.
08.09.2024 - 10:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа