Претседателката: Пред да се погазат физичките граници, се газат принципите и вредностите
Претседателката Сиљановска-Давкова испрати силни пораки пред повеќе од 400 актуелни шефови на држави и влади, меѓународни институции на 12. Глобален форум во Баку.
Македонија иако е мала, но не отстапува од членството во Унијата. Но европскиот пат на мојата држава е поплочен со двојни стандарди, рече претседателката Гордана Силјановска Давкова.
„Ние сме природен дел од Европа, географски, историси, културано. Ако сме интегрален дел од Европа и ако себе си се перцепираме како Европејци тогаш европската реунификација не може да биде завршена без нас. Не отстапуваме ниту од нашето стратешко партнерство со САД. Бидејќи и покрај тековните превирања веруваме во важноста од ефективен трансатлантизам базиран на меѓународни правила и принципи, но исто така свесни сме дека секогаш пред да се погазат физичките граници, се газат принципите и вредностите. Двојните стандарди генерираат преседани кои прераснуваат во правила, а кога се прават компромиси со меѓународните правила и принципи се компромитираат ОН“, изјави претседателката Давкова.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа