Претрес во Струмица, приведен дилер

 

Вчера во 06.00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода 19-годишниот Е.И. од Струмица, извести МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

02.11.2023 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега