Прегазен пешак во Гостивар

Вчера во 23.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Гостивар - с.Вруток, во с.Здуње, патничко моторно возило „џип“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.С.(58) од гостиварски Вруток, удрило во А.Ш.(61) од гостиварско Врбјани.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани од Медицински центар Гостивар.

Увид извршила екипа од ОВР Гостивар.  

18.06.2024 - 12:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега