Пратениците со полни раце работа
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за еднакви можности на жените и мажите и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се повеќе предлог-закони, меѓу кои Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи, во второ читање со европско знаменце.
Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе расправа по Предлог на закон за изменување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство и Предлог на закон за изменување на Законот за еднакви можности на жените и мажите, двата во второ читање.
На седницата на Законодавно-правната комисија на дневен ред се повеќе предлог-законски решенија, меѓу кои и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи, во второ читање со европско знаменце.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа