Пожарот во НП „Преспа" кај Пустец ставен под контрола

 


Ставен е под контрола  големиот пожар кој десет дена беснееше на Сува Планина, во Националниот парк „Преспа" во општина Пустец, објавија албанските медиуми.

- Со интервенцијата на  романскиот авион во последните два дена се  овозможи ставање под контрола на пламените јазици кои изгореа стотици хектари шума во националниот парк Преспа. Дел од пожарите кои 10 дена беснеат на планината се уште се активни но се делува од земја за локализирање на истите, наведуваат медиумите.

Според Нертил Јоле, префект на округот Корча, каде територијално припаѓа и општина Пустец, интервенцијата од воздух дала позитивен ефект.

- На терен ангажирани се 120 пожарникари, армиски и полициски сили, доброволци, а во исто време од другата страна на границата, во Северна Македонија, слична акција се спроведува од воздух. Веруваме дека од двете страни на границата брзо ќе се локализираат пожарите, изјави Јоле.

Пожари од големи размери во Албанија има и во Националниот парк на планината Томор, каде што попладнево се интервенира и од воздух, како и на планината Болотек.

Со денови гори и  планината Трново во пограничниот град Булќиза, кој е на 15-тина километри од Дебар. Поради фактот што границата е реката Дрим нема опасност од префрлање на пожарот на македонска територија.

16.08.2024 - 14:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега