Пожарот над Битола повторно активен

Општина Битола попладнево информира дека пожарот над Битола е повторно активен. На терен се противпожарните екипи кои работат на ставање на ситуацијата под контрола. Се бара и воздушна поддршка.

- Паралелно се врши и координација со Општинскиот кризен штаб за вклучување на сите расположливи сили и ресурси согласно потребите. Во комуникација на градоначалникот Тони Коњановски со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, повторно најавена е воздушна поддршка во гаснењето на пожарот, се вели во соопштението од Општина Битола.

Претпладнето, овој пожар беше ставен под контрола. Како воздушна поддршка интервенираа пет „Ер трактори“, од кои три од Дирекцијата за заштита и спасување и два од Турција кои се дел од помошта што стигна за справување со пожарите.

16.07.2024 - 15:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега