Пожарникарите со полни раце работа: Избувнале 15 пожари, еден сѐ уште активен

 


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие, на територијата на државата се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е сè уште активен, додека 14 се успешно изгаснати.

Единствениот активен пожар е лоциран во Општина Шуто Оризари, поточно кај ресторанот „Њу Стар“ во Визбегово, каде гори дива депонија.

Пожарникарните екипи успешно изгаснале 14 пожари на отворен простор во следниве општини:

  • Општина Петровец: с. Петровец (стрниште)

  • Општина Карпош: ул. Скупи (ниска вегетација)

  • Општина Чучер Сандево: с. Голиово (ниска вегетација)

  • Општина Гази Баба: с. Инџиково (ниска вегетација)

  • Општина Прилеп: с. Кадино Село (ниска вегетација)

  • Општина Радовиш: с. Ораовица (ниска вегетација и ѓубре)

  • Општина Свети Николе: с. Амзабегово (неожнеано жито)

  • Општина Виница: с. Драгобраште, м.в. Чукарлиски рид (нискостеблеста шума и ниска вегетација)

  • Општина Штип: Живинарска фарма Штип (ниска вегетација)

  • Општина Липково: села Лојане и Ваксинце (нискостеблеста шума и ниска вегетација)

  • Општина Куманово: населба Средорек (ниска вегетација и ѓубре)

  • Општина Куманово: ул. Народна Револуција (ниска вегетација)

  • Општина Тетово: кај Рамстор (ѓубриште)

  • Општина Гостивар: ул. Боге Вељаноски (ниска вегетација).

27.06.2025 - 16:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега