Пожар проголтува сѐ пред себе седми ден по ред: Пожарите во Грција се најголеми во Европа во последните години
Шумските пожари, кои седми ден по ред горат во Грција, се најголемите регистрирани пожари на европска почва последниве години, соопшти службата што ги следи климатските промени, Коперник.
„Во однос на климатските услови, Грција минува низ најтешката година во историјата на евидентирање и собирање метеоролошки податоци. Комбинацијата од високи температури, суша и ветер создава идеални услови за екстремни шумски пожари“, изјави портпаролот на грчката влада, Павлос Маринакис, пренесе „Ројтерс“.
И покрај тоа што шумските пожари се вообичаени во Грција во текот на летото, надлежните велат дека годинава биле уште поинтензивни, а научниците екстремните пожари ги поврзуваат со климатските промени.
Во пожарите загинаа 21 лице, изгореа вкупно 72.344 хектари шума досега, а стотици луѓе се евакуирани од своите домови.
Три лица се уапсени под сомнение дека го подметнале пожарот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа