Повторно нема плата во ЈП Улици и патишта - вработените најавија штрајк
Вработени во ЈП Улици и патишта - Скопје најавија јавен штрајк пред Собранието на Град Скопје поради неисплатена плата.„Поради лошото менаџирање на двоецот Арсовска - Глигоров преку разрешениот директор Ванчо Умленски, претпријатието повторно како и минатиот месец има сериозни проблеми со исплата на личниот доход на вработените.Причините за ваквата состојба се следните:1. Презадолжување на претпријатието кон добавувачи на материјали во износ од 240 милиони денари;2. Не плаќање на долгот од страна на директорот, односно градоначалничката, т.е. селективно плаќање на фирми блиски до секретарот и градоначалничката;3. Сметката е блокирана во износ од 10 милиони денари и извршни решенија во износ од 40 милиони денари кои ќе стапат на сила наредниов период;4. Во претпријатието нема основни средства за работа како нафта, ризла, тампон, рабници. Причина за ова е не плаќањето на обврските кон добавувачите, а со тоа и испораката на материјалите;5. Градежни машини и возила што поради погоре наведените причини се со дефекти и не се сервисираат со месеци;Вработените се принудени преку штрајк да го остварат своето право на личен доход и истиот ќе биде пред Собранието на Град Скопје кога вработените ќе дојдат со целата механизација“, стои во соопштението од вработени во ЈП Улици и патишта - Скопје.
19.11.2024 - 10:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа