Поразителни статистики:19 загинати во невремето низ Европа
Најмалку 19 лица загинаа во Полска, Чешка, Австрија и Романија. Другите европски земји, вклучувајќи ги Унгарија, Словачка и Италија, се подготвуваат за тешки временски услови во наредните денови.
Најтешка е ситуацијата на местата во близина на чешко-полската граница. Во Чешка се евакуирани 15.000 луѓе, а во Полска 3.000 се уште се без струја. Помалите села погодени од поплавите немаат мобилна мрежа, па дури и струја, изјави за Би-Би-Си хуманитарец од Полска.
„Службите како што се пожарникарите и спасувачите не можат да комуницираат меѓу себе. Некои села се целосно отсечени од светот, па вода и храна се носат со хеликоптери. Луѓето ги загубија сите свои работи, домови, сè. Некои дури и ги загубија животите “, рече таа.
Полската полиција соопшти дека има информации за вкупно шест лица кои се удавиле за време на поплавите на југозападот на земјата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа