Порасна бројот на загинати во Мароко
Бројот на загинати во земјотресот што го погоди Мароко минатата недела се искачи на 2.901 лица.
Бројот на повредени е повеќе од двојно зголемен на 5.530, објави мароканската државна телевизија.
Голем број преживеани се наоѓаат во импровизирани засолништа откако поминале четири ноќи на отворено, објави „Ројтерс“.
Спасувачите од Шпанија, Велика Британија и Катар им помагаат на мароканските спасувачки тимови, додека Италија, Белгија, Франција и Германија рекоа дека нивните понуди за помош допрва треба да бидат одобрени.
12.09.2023 - 21:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа