Полицијата „чешла“ низ МВР: Извршени претреси на 16 локации, запленети телефони и документација

 


Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициски службеници од Одделите за сузбивање на организиран и сериозен криминал, за крим-полиција и за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, вчера (05.02.) по насоки на надлежен Јавен обвинител а во врска со предистражни дејствија поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи при МВР, извршија претреси на 16 локации врз основа на наредба издадена од Судија на претходна постапка.

„Активностите беа превземени во координација со Јавното обвинителство околу предмет којшто е во предистражна постапка а за злоупотреба и договарање помеѓу економски оператори и вработени во Одделот за општи и заеднички работи во МВР во врска со спроведена јавна набавка за потребите на Министерството. Притоа, одземени се мобилни телефони и обемна документација што ќе бидат дел од натамошна анализа и вештачење, а исто така беа извршени и службени разговори со повеќе лица“, велат одд МВР. 

06.02.2025 - 15:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега