Мицкоски очекува средби со новата бугарска влада, но тоа не значи дека спорот е надминат
Премиерот Христијан Мицкоски очекува во наредниот период да се одржат средби со претставници на бугарската Влада. Според него, тоа е нешто што не треба да не изненади, бидејќи, како што вели, нормално е ние да разговараме со соседите, да градиме односи.
-Што се однесува до средби, ние и веќе имавме средби во минатото со највисокото бугарско раководство со тогашниот нивен технички премиер. Очекувам во периодот што следи на различно ниво да има средби со бугарската Влада и тоа не е нешто што треба да не изненади. Нити ние ќе исчезнеме, нити тие ќе исчезнат, ние повторно ќе си бидеме соседи, изјави Мицкоски.
Мицкоски истакна дека ние мора да градиме добрососедски односи, но тоа не значи дека се согласуваме на некои теми што не разделуваат.
Премиерот повтори дека Македонија направила толку многу отстапки, што заслужила барем да го почне процесот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа