Полска бара од Канада да екстрадира нацист од Втората светска војна, премиерот Трудо засрамен

 

Полскиот министер за образование Пшемислав Чарнек соопшти дека презел чекори за екстрадиција од Канада на 98-годишниот нацист Јарослав Хунка, кој служел во СС дивизијата на Галиција во Втората светска војна.

„Со оглед на скандалозните настани во канадскиот парламент во врска со оддавањето почит на член на криминалната нацистичка формација СС „Галиција“, во присуство на претседателот на Украина Володимир Зеленски, презедов мерки за организирање на негова евентуална екстрадиција во Полска“. напиша Чернак на социјалната мрежа Х.

За време на говорот на украинскиот лидер Володимир Зеленски во канадскиот парламент на 22 септември, украинскиот националист Хунка, беше пречекан со аплауз и овации, а претседателот на Долниот дом од канадскиот парламент, Ентони Рота го нарече „херој“.

Поради скандалот со повикувањето на нацист, канадската министерка за надворешни работи Мелани Жоли денеска повика на оставка на Рота, нарекувајќи го инцидентот „апсолутно неприфатлив“ и „срам за парламентот и Канаѓаните“.

Рота се извини за стоечките овации што во парламентот ги доби членот на нацистичката формација, а премиерот Џастин Трудо рече дека поканата до Хунка да дојде во парламентот е „исклучително срамна“ за Канада.

26.09.2023 - 22:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега