Полицијата веднаш реагираше: Експресно уапсени сопругот и свекрвата кои ја претепаа младата мајка и и го зедоа бебето

 


Полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Р.С.(23) и С.С.(44), двајцата од Гостивар.

Полицијата вчера напладне постапила по претходна пријава дека на 04.12.2024 физички ја нападнале нивната сопруга, односно снаа, и дека и со закана ѝ го одзеле бебето.

Тие се задржани во полициска станица и против нив ќе следува соодветна пријава.

06.12.2024 - 11:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега