Поднесено обвинение за убиство за мажот кој ја задуши партнерката во Кавадарци
Обвинителството поднесе обвинение против 43-годишниот маж кој во јануари ја задуши партнерката. Тој е обвинет за убиство.
„Обвинетиот 43-годишник, во прецизно неутврден момент меѓу 20.01.2025 и 22.01.2025 година, при вршење семејно насилство ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Делото го извршил во станот во кој престојувала оштетената на улицата „Ѓуро Салај“ во Кавадарци. Обдукцијата покажа дека тој свесен за своето дело, насилно и ги затворил носот и устата, предизвикувајќи задушување“, соопшти Обвинителството.
Јавниот обвинител до Судот достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Од МВР тогаш соопштија дека е уапсен 42-годишниот И.П. од Кавадарци. Тој се сомничи дека на 22.01.2025 во нејзиниот дом со гушење ја убил неговата партнерка С.С.С.(52) од Кавадарци. Починатата била пронајдена од нејзината ќерка Д.Т., која веднаш го пријавила настанот во полициска станица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа