Подготвено е за прегласувањето во Долнени и Крушево, денеска гласаат болните и изнемоштените

 


Сѐ е подготвено за утрешното прегласување на Парламентарните избори на четирите избирачки места, по две  во општините Долнени и Крушево во петтата изборна единица, информираат од општинските изборни комисии.

Во Крушево ќе се прегласува на по едно избирачко место во населените места Јакреново и Бучин: во Јакреново е избирачкото место 1202, а во Бучин 1194. На двете избирачки места вкупно се запишани 767 жители со право на глас.

Денеска своето право на глас ќе го остваруваат 26 болни и изнемоштени лица.

Во Долнени ќе се прегласува на две избирачки места (1470 и 1470/1) каде вкупно се запишани 1290 гласачи. Двете избирачки места се во населеното место Дебреште. Таму денеска можност за гласање имаат вкупно девет болни и изнемоштени лица. 

21.05.2024 - 10:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега