Починатиот од Западно нилска треска се заразил во Македонија

Мажот од Чешиново-Облешево кој почина од западно нилска треска во Македонија, до Инситутот за јавно здравје (ИЈЗ) дал податок дека претходно немал патувано во друга држава.

Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, објави дека 78-годишниот којшто почина на 16 септември чувствувал вознемиреност, губиток на свеста, температура и малаксаност.

Првите симптоми кај пациентот се појавиле на 9 септември. Следниот ден бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде по дијагнозата уште истиот ден бил препратен на Инфективната клиника во Скопје.

Покрај него, регистрирани се уште три случаи на западно нилската треска во земјава, од вкупно 30 тестирања.

„Првиот случај е тестиран во април и човекот е од Струмица, импортиран од Кенија. Вториот е човек од Кочани, импортиран од Тунис, во јули тестиран во ИЈЗ. Третиот случај е тестиран во август. Човекот е од Тетово и не изјавува дека имал патување“, рече Андоновска.

Објасни дека Западно нилската треска кај 80 посто од случаите не покажува симптоми, 20 отсто се со благи симптоми на грип, а кај помалку од 1 отсто може да биде зафатен централниот нервен систем.

ИЈЗ поседува тетсови за детектирање на западно нилска треска во моментов.

 

19.09.2024 - 13:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега