Почина новинарот Саше Димовски

Тажна вест утрово во новинарските кулоари. На 47-годишна возраст почина новинарот Саше Димовски. 

Тој боледуваше од дијабетес, по што му беше ампутирана ногата, а се собираа и средства за негова рехабилитација. За жал, Димовски не ја издржа битката до крај. 

Колегите се простуваат од него на социјалните мрежи. 

Беше претседател на Совет на чест на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Работниот век го помина во Канал 5, Сител, Алфа ТВ, основач е на svedok.mk, а беше соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството. Автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.

Погребот ќе се изврши во среда, 7.8.2024, на новите Градски гробишта во Велес.

06.08.2024 - 09:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега