Почина младата лавица пронајдена на пат во Суботица
Почина лавицата Кики во зоолошката градина Палиќ.
– Лавицата Кики повеќе не е со нас. По 15 дена борба, таа ја загуби битката на својот живот, и покрај нашите најдобри напори да ја вратиме. Кики почина на 6 октомври околу 21 часот. Се надеваме дека нема да се повторат вакви случаи на злоупотреба на животни од несовесни „сопственици“, како што е нејзината – изјавија од зоолошката градина Палиќ.
– Случајот со лавицата Кики покажа, за жал, дека се додека има луѓе кои купуваат диви животни за забава, без да ги проверат условите за чување и да знаат дека мора да имаат дозвола за чување добиена исклучиво од Министерството за заштита на животната средина, додаваат од Зоолошката градина.
Малата лавица Кики пред околу две недели беше пронајдена во многу лоша состојба на патот кон Суботица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа