Почина кучето што спаси две лица во Турција: Херојот бил закопан во урнатините

 

 

Протео, кучето кое пронајде две лица под урнатините на Турција, почина вчера додека трагаше по преживеани, соопшти мексиканското Министерство за одбрана (СЕДЕНА).

„Припадниците на мексиканската армија и воздухопловните сили длабоко жалат за загубата на нашиот другар Протео. Ја исполни својата мисија како член на мексиканската делегација за пребарување и спасување во Турција. Ти благодариме за твојата херојска работа!“, се вели во соопштението на Министерството. .

Веста ја потврди министерот за меѓународни односи Марсело Ебрард.

„Жалам за смртта на Протео, член на спасувачкиот тим СЕДЕНА во Турција. Тој го прослави името на Мексико и нашиот народ“, рече Ебрард.

Мексиканскиот спасувачки тим во Турција одржа церемонија во чест на Протео со едноминутно молчење и аплауз со благодарност.

Војникот Вилједа, кој бил водич на Протео, изјавил дека ова куче никогаш не се откажало и дека умрело на работа, не наведувајќи детали. Мексиканските медиуми, пак, неофицијално наведуваат дека урнатини паднале врз Протео додека трагал по преживеани.

„За жал, нема да се вратиш со мене, но јас секогаш ќе те паметам. Се надевам дека цело Мексико ќе те памети и никогаш нема да те заборави. Ќе се видиме еден ден повторно”, рекол водичот на Протео.

 

13.02.2023 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега