Почина ќерката на ексградоначалникот и актер, Владимир Талевски
Почина Марија Талеска-Мургоска, 39-годишне ќерка на поранешниот градоначалник на Битола и актер, Владимир Талевски.
Лошата вест доаѓа во време кога Талевски издржува затворска казна во прилепскиот затвор за случајот „Транспортер“
Марија е една од двете ќерки на Талевски. Причината за смртта, според првичните информации, е срцев удар.
Талевски денеска ќе биде пуштен од затворот за да присуствува на погребот. Нејзините пријатели и сограѓани се опростуваат од неа и на социјалните мрежи.
15.02.2024 - 09:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа