Почина долгогодишната американска сенаторка Дајан Фајнштајн

Една од највлијателните политичарки во САД, Дијана Фајнштајн, почина на 90-годишна возраст по долго и тешко боледување, пренесуваат американските медиуми

Таа беше сенатор од Демократската партија и остана активна до својата смрт и покрај тешките здравствени проблеми.

Фајнштајн остана во своето место во Сенатот и покрај притисокот да поднесе оставка поради нејзиното здравје. Во Сенатот користела инвалидска количка, а помошниците ѝ кажале како да гласа. Таа беше петтата најстара личност, која служеше во Сенатот.

Родена е во 1933 година во Сан Франциско, од мајка Русинка и татко Евреин, а во политиката влезе во 1960 година.

29.09.2023 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега