Почина актерот Џејмс Мекафри
Актерот Џејмс Мекафри почина на 65-годишна возраст.
На Мекафри му бил дијагностициран тумор на коскената срцевина, за кој се верува дека е причина за смртта.
Тажната вест во јавноста ја соопшти неговиот соработник и претставник за медиумите.
– Еден од штитениците на Дик Волф, Мекафри имаше успешна триесет и петгодишна кариера во телевизијата и филмот. Обучуван во Actor’s Studio, тој никогаш не ја изгуби љубовта кон создавањето ликови, неговиот добар изглед често го туркаше кон главните машки улоги, изјави соработникот на Џејмс за ТМЗ.
Актерот Мекафри е најпознат по тоа што му го позајми гласот на Мајк Пејн, познат лик од видео игрите.
Туморот на коскената срцевина е зла болест која многу почесто ги погодува мажите отколку жените.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа