Планинар на Нов Зеланд преживеа пад од 600 метри
Планинар на Нов Зеланд преживеа пад од височина од 600 метри, и тоа само со полесни повреди. Полицијата соопшти дека мажот паднал од планината Таранаки на Северниот остров и го спасило пролетното време, кое го омекнало мразот, па паднал во снег, пишува Би-би-си.
Тие додадоа дека планинарот има исклучителна среќа што е жив. Алпинистот бил дел од групата што се искачувала на планината Таранаки во саботата кога паднал од врвот околу пладне.
„Гледајќи го својот колега алпинист како се лизга по планината и надвор од видното поле, друг член на групата се спушти за да се обиде да го лоцира“, соопшти полицијата.
Планината Таранаки има репутација како една од најсмртоносните планини на Нов Зеланд, според Советот за безбедност на планината на земјата. Во 2021 година двајца планинари загинаа при пад од истото место од кое викендов падна планинар. Таранаки е неактивен вулкан, кој се наоѓа во релативна изолација на западниот брег на Северниот остров.
„Неговата изолација од другите планини, близината до брегот и географската локација предизвикуваат некои од најбрзо променливите и најнеповолни временски услови што се наоѓаат на Нов Зеланд. Времето, во комбинација со сложениот и груб терен, создава многу уникатна средина. Една грешка може да биде катастрофална“, велат од Советот за безбедност на планините.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа