Петровска: Северна Македонија е столб на регионалната безбедност

 

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска на денешната прес-конференцијата потсети дека Северна Македонија заедно со сојузниците во Вилнус ја реафирмираше определбата за вложување на најмалку 2 проценти од бруто-домашниот производ во одбраната и тоа, како што рече, целосно е реализирано. 

-Северна Македонија е столб на регионалната безбедност. Ќе продолжиме да придонесуваме со свои сили во мисијата на НАТО на Косово, затоа што сме убедени дека регионалната безбедност и стабилност мора да биде пред се и над се. Само така можеме да создадеме регион кој е просперитетен и кој ќе продолжи да живее во мир и демократија, рече Петровска.

Таа додаде дека Северна Македонија дава силна поддршка за заедничката цел на НАТО.

-Даваме силна поддршка кон заедничката цел. Тоа го правиме и во нашиот одговор на бруталната руска агресија врз Украина. Северна Македонија немаше никаква задршка уште од првиот момент оваа агресија да ја нарече токму тоа и што е – брутална агресија која носи самоуништување и болка. Ја нарековме така, и дадовме помош и воена и хуманитарна затоа што независна и суверена Украина има целосно и морално право и потреба да се одбрани. Украина се брани себеси, но го брани и меѓународниот правен поредок кој се базира на принципи и правила и затоа ја заслужува сета наша помош и поддршка, изјави министерката.

04.09.2023 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега