Перински: Заминувањето на Арсовска од функцијата е едно од решенијата

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска беше на состанок во Владата да разговара со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот Златко Перински за решавање на проблемите со Град Скопје.

Перински на прашањето дали оставка на Данела Арсовска е решение на проблемите, Перински одговори:

„Состанокот беше во конструктивна насока, да најдеме решение за проблемите. Ако си замине во моментов, тоа е едно решенијата, но мене ми треба системско решение, ние имаме проблем во девет јавни претпријатија. Целосно е кородиран системот во изминатите три години“, изјави Перински.

19.08.2024 - 17:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега