Пензионираните пилоти се враќаат во акција
В.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вчера потпиша договор за повторен ангажман на двајцата пензионирани пилоти на противпожарните авиони „Ер Трактор“ – Стоје Арсовски и Васко Михалчев.
Со нивното враќање на работа, леталата на ДЗС повторно ќе бидат ставени во оперативна готовност за интервенции при гаснење на пожари на отворено, што е од особено значење во пресрет на летната сезона, кога ризикот од пожари е зголемен низ целата територија на Република Македонија.
02.07.2025 - 19:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа