Пендаровски се сретна со Лорд Стјуарт Пич, Специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Лорд Стјуарт Пич, Специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.
На средбата се потврди долгогодишното партнерство и пријателство меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство кое се отсликува преку постојаната британска поддршка за клучните прашања од нашата независност до денес, а билатералните односи се карактеризираат со динамичен политички дијалог на високо ниво.
Соговорниците разменија мислења и информации за актуелните прашања поврзани со интеграцијата на нашата земја во Европската Унија, за соработката и делувањето на двете држави во рамки на НАТО Алијансата, безбедносната ситуација во регионот и Европа во контекст на војната во Украина, како и за билатерални прашања од взаемен интерес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа