(ВИДЕО) Тензиите во Кочани растат: Каменувана куќата на градоначалникот
Тензиите во Кочани растат. Револтираните граѓани ја каменуваа куќата на градоначалникот Љупчо Папазов, кој претходно поднесе оставка и во моментов е на распит.
Овој инцидент е продолжение на серијата насилни протести, кои почнаа со демолирање на кафулето на сопственикот на дискотеката „Пулс“, каде се случи трагичниот пожар, а потоа и превртување на неговото возило.
Тензиите во градот се исклучително високи, а граѓаните бараат правда и одговорност за загубените животи.
17.03.2025 - 16:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа