Пендаровски: Персона-нон-грата не се презема заради политички изјави, туку кога има индиции за закана за националната безбедност

 

Претседателот Стево Пендаровски изјави дека персона-нон-грата никаде во светот не се презема заради политички изјави, туку кога има индиции за закана за националната безбедност.

Сакам да го појаснам она што го кажав на прес-конференцијата  по Советот. И гледам дека некои од овие познати експерти, аналитичари, професори, па и политичари кои го разбираат бугарско-македонскиот комплекс што трае децении наназад не ја гледаат таа дикстинција. Јас не барам протерување, не се битни имињата, не барам протерување, и не барам забрана за доаѓање во Македонија на лица кои велат дека ние сме Бугари. Имаат право да го викаат тоа. Ние одиме со тоа да одиме со санкции кон лица кои тврдат дека ние не сме Македонци, тука има многу за санкционирање. Значи ваква мерка персона-нон-грата никаде во светот не се презема заради политичка изјава, вели Пендаровски во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма, додавајќи дека ние сме демократска држава и претендираме да бидеме и до крај вистинска европска демократија.

Претседателот нагласува дека „ако е загрозен потенцијално јавниот поредок, јавниот ред и мир, националната безбедност на Македонија или нашата меѓународна позиција, но би апострофирал првите две посебно, во тој случај ние треба да негираме по тие основи“.  

-Значи повторувам тој тип што го споменувате не ми пречи колку и да вика во центарот на Скопје дека јас не сум Македонец. Само се брука, тоа се политички шарлантани, циркузанти кои кажуваат работи кои целокупната светска наука на прво место, чувствата а македонскиот народ ги демантира. Меѓутоа ако ти велиш јас ќе дојдам со организиран превоз ги повикам сите Бугари во Македонија, надвор од Македонија да доаѓаат илјадници да им покажеме кои се овие кои не знаат кои се, а од друга страна имаш тоа е закана за јавни поредок. И тоа е закана за националната безбедност за Македонија, рече Пендаровски, додавајќи дека во таков момент би реагирал и би препорачал таков сет мерки кон Владата. 

27.01.2023 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега