Пендаровски: Ќе се зачленам во ВМРО-ДПМНЕ ако ги внесат Македонците во Уставот на Бугарија

Стево Пендаровски рече дека очекува втор претседателски мандат и двојна победа. Тој на вечерашниот  партиски Конгрес, откако СДСМ ја официјализираше поддршката за неговата кандидатура, истакна дека негова проценка е дека не само на претседателските, туку и на парламентарните избори, СДСМ и коалицијата, ќе ја направат коалицијата која ќе ја води Македонија во следните 4 години.

Тој посочи дека со алтернативата, Македонија ќе биде на маргините на Европа, со перспективи никогаш да не стане дел од Европската Унија.

– Нивната теза е, прво ќе дојдеме на власт, ќе се обидеме економски да ја кренеме Македонија на здрави нозе и на странските амбасадори им велат, во втората половина од нашиот мандат ќе се обидеме со Бугарите да се договориме. На кој начин – на начин што ќе ги натераме Бугарите да го променат нивниот Устав, за да можат да бидат признаени нашите Македонци кои таму живеат. Јас од овде им велам, ако успеат да ги стават Македонците во Уставот на Бугарија, да ги натераат Бугарите да го променат нивниот Устав и ако успеат Македонците кои се таму во огромен број, да бидат признаени како национално малцинство, јас ќе бидам првиот кој ќе се зачлени во ВМРО-ДПМНЕ. И станува збор за детски муабет – рече Пендаровски.

 

04.03.2024 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега