Пазарна инспекција од утре на терен ќе проверува дали училишниот прибор се продава со ограничена маржа
Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат од утре ќе излезат на терен и ќе вршат контрола за да се утврди дали ја почитуваат владината мерка за ограничување на маржата за училишниот прибор.
Директоорт на ДПИ, Горан Трајковски уверува, нема да има компромис за никого, а Законот ќе важи за сите.
-Инспекторите ќе постапуваат во рамки на нивните надлежности кои произлегуват од Одлуката, а согласно тоа и според Законот за трговија. Напоменувам дека Државниот пазарен инспекторат ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуката, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало. Како што постапувавме претходно, така и сега, нема да има компромис за никого, законот ќе важи еднакво за сите и сите трговци опфатени со Одлуката имаат обврска да ја почитуваат, вели Трајковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа