Партијата на Кирил Петков поднесе декларација во бугарскиот Парламент: Илинденското востание е бугарско
На 20 јули во бугарскиот Парламент беше поднесена декларација која треба да потврди дека Илинденското востание, односно Илинденско-преображенско е бугарско.
Се очекува оваа декларација да биде усвоена во следните денови во пресрет на 120 години од Илинденското востание.
Декларацијата ја поднесе партијата „Продолжуваме со промените“ (ПП) на поранешниот премиер Кирил Петков.
Во образложението стои дека „Илинденско-преображенско востание е венецот на бугарското национално ослободително движење“.
Пратеникот на ПП-ДБ Христо Даскалов потсети на историските настани и изјави:
– Сеќавањето на подвигот е живо и мора да се сеќаваме на нивната жртва и да ја заштитиме Бугарија како што заповедаа хероите од Илинден, Преображение и Крстовден 1903 година – порача Даскалов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа