Парична казна за тетовец поради „Фејсбук“ објава против поранешната амбасадорка на САД

 

Тетовското обвинителство до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против 40-годишен тетовец, кој се товари за повреда на угледот на странска држава.

„Со коментар со вулгарна и навредувачка содржина на социјалната мрежа Фејсбук, на 12.04.2022 година, обвинетиот ја изложил на подбив тогашната амбасадорка на САД во земјава и на тој начин го сторил кривичното дело“, велат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот суд во Тетово да му изрече на обвинетиот парична казна од 100 дневни глоби.​

31.03.2023 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега