Паника на Санторини: За седум минути три земјотреси над 4 степени

 


Три силни земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, утрово за само седум минути го погодија Санторини.

Првиот земјотрес беше во 08:09 часот, со јачина од 4,2 степени. Две минути подоцна следеше уште еден од 4,3, а во 08:16 часот беше најсилниот земјотрес од 5 степени според Рихтеровата скала. По само неколку минути, земјата повторно се затресе.

„Навистина се чувствуваше“, „Се тресеше“, „Го почувствувавме дури и во Калитеа“, објавија луѓето на ЕМСЦ.

Најсилниот земјотрес бил на длабочина од 14 километри, а епицентарот бил на 21 километар североисточно од селото Оја. Во истото подрачје со денови се регистрирани стотици земјотреси со над 3 степени според Рихтеровата скала.

Во последните денови повеќе од 10.000 луѓе и туристи во паника го напуштија островот, а вчера властите прогласија вонредна состојба поради силните земјотреси.

07.02.2025 - 09:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега