Панчо за Ферус: Беше толку голем, можевме сите да му ги чистиме кондурите како на сликава (ФОТО)

 

Од големиот Ферус Мустафов на свој начин се прости и познатиот рапер Панчо од дуото ДНК.

Панчо и Ферус беа големи пријатели, се почитуваа каде и да се сретнеа, а зборовите кои ги напиша раперот говорат за тоа колку тој го почитувал виртуозот на саксафон…

 

„Денес не напушти Ферус, кралот на саксофонот. Беше толку ГОЛЕМ што буквално можевме сите да му ги чистиме кондурите баш вака како на сликава. Еден од најголемите “мајстори” на саксофонот ако не и најголем. Почитиван и сакан од сите колеги, човек со голема смисла за хумор и огромно срце кој живееше за музиката и беше музика. Преку своите звуци убеден сум дека не постои човек кој го нема станато од столче со рацете дигнати нагоре. Ќе ми недостигаат оние кратки патувања, шали и дружби. Вечна ти слава брате Ферусе. Почивај во мир и свири им горе, весели ги како ти само најубаво знаеш и умееш“, напиша тој на Инстаграм.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)

22.05.2023 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега