Падна прозор од Соравија центарот

Стакло падна од Соравија центарот. Од претпоследниот кат на бизнис центарот Соравија попладнево испадна прозорско стакло кое се скрши на тротоарот и на улицата која минува меѓу ГТЦ и Работничкиот дом, пренесува телевизија Телма.

Дел од улицата беше затворен додека вработени го чистеа стаклото. Нема информации за повредени.

-Лани во септември, во управителската структура на Соравиа влезе Дрин Ахмети, внукот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Тој планираше преземање на овој бизнис деловен центар, вреден повеќе од 30 милиони евра преку кредит, но потоа внукот на Ахмети извести дека во зделката ќе се вклучи фирма од Тексас, САД, потсетува Телма.

10.06.2024 - 22:30
Фото: 
ТВ ТЕЛМА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега