„Падна“ лихвар од Гостивар - полицијата му најде 25.000 евра и златен накит

 

Гостиварската полиција приведе 38-годишен маж кој се сомничи за лихварство. 

По пријава од 35-годишник му влегла дома и пронашла поголема сума на пари и златен накит.

-Синоќа во 02.30 часот во с.Неготино, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Т.В.(38) од с.Неготино поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ по член 258 став 1, „лихварство“ по член 260 став 2 и „фалсификување исправа“ по член 378 став 3 од Кривичниот законик. Постапувајќи по претходна пријава од 35-годишник од Гостивар, со судска наредба бил извршен претрес во домот на Т.В., при што биле пронајдени и одземени разновидна документација, околу 25.000 евра во различни апоени и златен накит. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе биде изготвен соодветен поднесок, велат од МВР.

24.12.2024 - 12:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега