Пачовска: Децата до 18 месеци воопшто не треба да гледаат во екрани

 

Децата до година и половина воопшто не треба да гледаат во екрани, бидејќи тоа е штетно за нивниот развој вели за Детектор клиничкиот психолог и психотерапевт Натка Пачовска.

„Доколку станува збор за мали деца, затоа што развојните структури на мозокот тогаш се развиваат некаде до петтата година, иако и понатаму се случува да се развиваат. Многу важно е дека во првите 18 месеци децата воопшто не треба да бидат на интернет заради тоа што се развиваат одредени структури во мозокот, невронски мрежи кои што овозможуваат на некој начин стимулацијата која што ја добиваат од екраните од дигиталните апарати всушност им овозможуваат да се развиваат тие токму структури на мозокот кои што се поттикнати од дигиталните апарати. На пример брзо менување на слики, брза перцептивност, но тоа автоматски влијае врз нивното внимание понатаму. Значи децата со тек на време, во првите 5 години од развојот стануваат многу деконцентрирани, не можат да се фокусираат токму поради тоа што долго време поминуваат на интернет.  “ – вели Пачовска.
Таа додава дека децата што поминуваатм ногу време на интернет имаат проблем со социјализацијата, подоцна почнуваат да зборуваат и да комуницираат со средината.
Таа препорачува децата од 18 месеци до 3 години на интернет децата да поминуваат околу половина час пред телефоните со поучни разговори со родителите кои ќе им ги објаснуваат содржините.

23.04.2023 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега