Отворен Дневен центар за лица со попреченост во Чашка, ќе има 12 корисници

 

 

Официјално почна со работа Дневниот центар за лица со попреченост во Општина Чашка. Тој треба да обезбеди поддршка за 12 лица со попреченост од територијата на општината.

Новиот Дневен центар официјално го пуштија во употреба министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, заедно со градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски и пратеникот Мухамед Кадриов.

Министерството за труд и социјална политика од буџетот за 2021 година обезбеди средства за изведување на градежни работи, за реконструкција и адаптација на дел од зграда, транспорт и монтажа на опрема за објектот во вкупен износ од 3.623.098,00 денари без ДДВ, односно 4.275.256,00 денари со ДДВ.

Отворањето на овој центар е во рамки на програмата на Владата за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2021 година.

25.10.2023 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега