Откриена причината за прекинот на струја во Шпанија и Португалија: Редок феномен направи хаос

 

Португалскиот оператор за енергетска мрежа (РЕН) тврди дека „екстремните температурни разлики во внатрешноста на Шпанија“ предизвикале дефект на енергетскиот систем што ја зафатил и нивната земја. Се вели дека овие разлики предизвикале големи „ненормални осцилации“ на високонапонските кабли (400 kV). Феноменот се нарекува „индуцирана атмосферска варијација“, јавува Би-Би-Си.

Шпанија сè уште не реагирала на овие наводи. Сепак, реагираше Европската комисија, која изјави дека нема докази дека прекинот на струја е резултат на намерен чин, како што е саботажа или сајбер напад.

Градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида ги повика граѓаните да останат таму каде што се, да го намалат движењето и да не излегуваат надвор, за патиштата да останат проодни. Покрај исклучувањето на семафорите, мораа да затворат и тунели на некои автопати. Тој, исто така, им порача на граѓаните да повикаат брза помош само во навистина итни случаи.

Шпанските железници (Ренфе) на Твитер објавија дека поради проблеми со струјата возовите не сообраќаат од 12:30 часот. Тие работат со повеќе од 1.000 возови дневно и превезуваат 1,3 милиони патници.

Директорот на шпанската електроенергетска мрежа Red Electric вели дека може да бидат потребни часови за да се врати струјата.

„Решавањето на проблемот може да потрае меѓу шест и десет часа“, вели Едуардо Прието

Недостаток на струја во Португалија до една недела

Се проценува дека целосното нормализирање на мрежата би можело да потрае и до една недела, според португалската електроенергетска компанија РЕН, пишува Би-Би-Си.

Претходно, шефот на шпанската електрична мрежа изјави дека обновувањето на снабдувањето во Шпанија може да потрае меѓу шест и десет часа.

На поголемиот дел од урбаните центри во Португалија треба да им биде вратено снабдувањето со електрична енергија во рок од неколку часа, додека предизвиците за целосна нормализација би можеле да опстојат во оддалечените и инфраструктурно помалку поврзани области – велат експертите по најавата на компанијата.

Проблеми имаше и во Франција

Делови од Франција привремено останаа без струја по прекините на струја во Шпанија и Португалија, јавува Ројтерс, повикувајќи се на францускиот оператор за електрична енергија RTE.

Портпаролката на РТЕ не даде дополнителни детали за обемот на затемнувањето, но рече дека струјата е вратена по краткиот прекин.

28.04.2025 - 18:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега