Откажани се летовите, затворен за сообраќај аеродромот во Бања Лука поради силното невреме

 

Поради силното невреме што ги зафати Република Српска и Бања Лука, аеродромот беше затворен за зообраќај, бидејќи попладнето беше оштетен покривот на пристаништето на Аеродром Република Српска.

„Поради невремето што го зафати подрачјето на аеродромот во Бања Лука околу 18 часот, пристаништето претрпе големи оштетувања на покривот, при што вечерва бевме принудени да го затвориме аеродромот за сообраќај и да го откажеме летот Меминген-Бањалука- Меминген на авиокомпанијата Ryanair“, се вели во соопштението на надлежните.

Надлежните служби на аеродромот во Бања Лука презедоа евентуални привремени мерки за санација на аеродромскиот објект и формираа комисија за утврдување на причинетата штета.

Невреме пропратено со град ги зафати и Козарска Дубица, регионот на Кнежпола и Костајница. Без струја остана цела општина Козарска Дубица.

Оштетени се неколку автомобили. Невремето го оштети и покривот на гимназискиот центар Костајница.

Невремето ги зафати Бијелина и Приједор, но и Добој. Во Добој невремето беше придружено со ветер, дожд и град.

Темните облаци пристигнале од правец на Загреб, кој малку порано беше опустошен од невремето кое корнеше дрвја и ги однесе покривите од зградите и куќите.

19.07.2023 - 20:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега